Центарот за интензивна физиотерапија, располага со најсовремени комбинации на физиотерапеутски и хиропрактични комбинации, методи и постапки за брзо постигнување на високи лечителни ефекти. Располага со иновации во физиотерапеутските постапки, особено за сите видови деформации на скелетот, за кои професорот Џамбазовски е прогласен за иноватор во неговата област според Кембриџ, за Доктор Хонорис Кауза,  Академик. и.т.н. Има напишано преку 200 труда и 10 книги. Прв ја напишал кинезиолошка медицина во Европа и прв зборува за естетска и ортопедска кинезиологија. 17 години работи низ Европски центри, а специјализација завршил во Швајцарија.

Се школувал и предавал во повеќе Европски центри и тоа: Москва, Софија, Загреб, Белград, Цирих, Минхен и.т.н. Своето клиничко искуство во период од повеќе од 30 години успеал да го поврзе практичното и теоретското искуство и да стигне до нови сознанија. Тој прв ја развил теоријата за преструктуирање на механизмите за структурата на движењата и употребил при рбетните заболувања на што се должи неговиот висок лечителен ефект. Искомбинирал нови препарати под формата на крема кои се одлично средство во одстранувањето на сите овие пречки, болести! Препаратот Џамбо-Гал е одлично средство кое ја помага циркулацијата на крв и овозможува проодноста на енергијата и кислородот во клетките, на тој начин се помага терморегулацијата и хранењето на ткивата. Препаратот Џамбо-Гал е сосема природна комбинација од препарати кој после неговото премачкување на телото го регулира крвотокот, протокот на енергија делува аналгетски, контраиндикации непознати.