Најдобро е при првите симптоми на бол во 'рбетот, екстремитетите, зглобовите да се изврши консултација со специјалист за физиотерапија пред да напредне самата болест. На тој начин се делува превентивно за целокупното здравје врз човечкиот организам, се заштедува време и пари, а пред се го заштитуваме организмот од сите болести на цивилизациските придобивки. Затоа што методите што ги користи физикалната медицина, хиропрактиката, мануелната медицина принципиелно немаат контраиндикации, а го подобруваат психофизичкото здравје на човекот. Заради тоа не треба да се чека да се дојде до сериозни дегенеративни процеси на било кој дел од скелетно мускулниот апарат. Во таа смисла сите физикални процедури кои се нудат во програмиран пакет се од посебно значење за здравјето на човекот. Ние ви го предлагаме нашиот пакет за превенција и интензивна рехабилитација од веќе спомнатите болести.